Ахмети се сретна со амбасадорот Гир: ДУИ е посветена на стабилноста и европската интеграција

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција, г. Али Ахмети денеска во партиското седиште во Тетово се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир. 
 
Соговорниците разменија мислења за Охридскиот договор, Преспа и добрососедството со Бугарија, евроинтеграциите, реформите во согласност со очекувањата на ЕУ, изборниот легитимитет итн.  
 
Претседавачот Ахмети ја елаборираше нацрт-платформата за легитимитет подготвена од авторот на Охридскиот договор Пол Вилијамс и ПИЛПГ, мислењата на локалните експерти и чекорите што ДУИ и Европскиот фронт ќе ги преземат во одбрана на легитимитетот. 
 
Г-дин Ахмети зборуваше и за тенденциозните предупредувања на премиерот Мицковски за дестабилизација, истакнувајќи загриженост за можно намерно владино инсценирање преку обвинувања на други со цел да се дефокусира јавноста од потфрлувањата на власта. 
 
ДУИ е посветена на стабилноста, безбедноста, мирот, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и европската интеграција и отфрла секакви монтирани политички владини обиди за дестабилизација.
 
Исто така, остануваме најпосветениот партнер на Европската Унија и Соединетите Американски Држави во Северна Македонија кој што ја гледа земјата партнер и членка на НАТО и ЕУ.

 

 
15.08.2024 - 17:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега