СДСМ: Мицкоски е виновен за состојбата во Скопје
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се единствени одговорни за сотојбата во која се наоѓа Скопје. Со каков образ Мицкоски се обидува да се прикаже како спасител кој ете ќе ги решел проблемите во градот кога тој заради неговите пропадната бизнис зделки со Арсовска и инатот кој меѓусебно го водат реши да го уништи градот, велат од СДСМ.
„Да биде иронијата поголема, Мицкоски вели дека не доликувало главниот град да биде во таква состојба на земја членка на НАТО и кандидат на ЕУ. Да не беше Мицкоски и неговите манипулации и лаги со граѓаните, како и неговата политика на блокади, Скопје немаше да го води „најуспешанта менаџерка“ за која лажеше дека е број еден во Европа, а ако се прашуваше тој ниту ќе бевме членка на НАТО, уште помалку ќе почневме преговори со ЕУ.
Човекот едноставно нема срам ниту образ. Од вакви политичари на власт може да се очекуваат само многу нови лаги, неодговорност за состојбите и китење со туѓи перја“, стои во соопштението на СДСМ.
14.08.2024 - 10:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа