Меџити: Мал број луѓе со црни пари посакуваат магла за да си ја спасат кожата
Има видливи резултати од Охридскиот рамковниот договор, иако договорот требаше да се исполни во првите четири години, ние се уште разговараме дали тој е исполнет или не е, изјави вечерва вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, кој истовгремено е и лидер на Демократското движење.
- Рамковниот е нова перспектива и мислам дека ќе се исполни ако сите делуваме во духот на Рамковниот договор без разлика кој раководи со некоја институција, дали Албанец, дали Македонец, ако оди по принципите на Рамковниот договор тоа ќе биде добро за целата држава и за подобра перспектива за сите граѓани. А во однос на овие дестабилизации и закани, мислам дека треба да ги сфатиме ДУИ, после дваесет години не можат да се соочат со реалноста дека се опозиција, дека треба да бидат опозиција, дека треба да се вратат на себе си, на реформи внатре, на нова програма, на нови идеи. Во принцип нема да има такво нешто. Не се спремни граѓаните и не посакуваат да протестираат да дестабилизираат кога не постои некоја политичка кауза или, пак, кауза им е Соравија и други коруптивни зделки, вели Меџити во Тема на денот на ТВ Сител.
Вицепремиерот и министер вели дека мал број луѓе со црни пари поскакуваат да има дестабилизација во државата за да си ја спасат кожата.
-Точно е дека има црни пари и посакуваат да има магла за да си ја спасат кожата, но тоа се мал број на луѓе и не мислам дека заради тие мал број луѓе некој ќе посегне или да крши закон или да сноси одговорност утре за некакво дестабилизирање. На крај на граѓаните им треба мир, им треба подобар животен стандард, повисоки плати, па и во однос на Охридскиот договор, еден од столбовите е токму децентрализацијата, рече Меџити.
Тој оцени дека е добро што се организирани државни настани за одбележување на годишнината на Охридскиот рамковен договор и дека на вечерашниот настан ДУИ како политичка партија е поканета.
Запрашан за односите во владината коалицијата Меџити кажа дека во однос на поголемиот партнер (ВМРО-ДПМНЕ) има пофални зборови посочувајќи дека се издвоени милијарда евра за општините и општинските буџети за решавање на конкретни проблеми со граѓаните. Што се однесува до ЗНАМ, посочи тој, смета дека малку се „некомотни“.
-Мислам дека и левичари и националисти, мислам дека нешто не штима тука. Треба да ги преиспитаат нивните политики за нивното добро бидејќи обично левичарските партии се малку покосмополити, пограѓански ориентирани. Ретко може да се најде и во Европа и во регионот и Левичар и националист, рече Меџити.
Рече дека имал разговори со Максим Димитриевски во врска со албанското знаме во неговата канцеларија и смета дека таа забелешка била непотребна и дека самиот кумановски градоначалник и лидер на ЗНАМ го има ова знаме во канцеларијата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа