Донесени измените за урбанизам во скратена постапка - Левица гласаше против

 
На денешната собраниска седница, пратениците од ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди гласаа за измените на Законот за урбанистичко планирање во скратена постапка. За жал, кај владејачкото мнозинство немаше слух за барањата на јавноста - овие измени да се носат во редовна постапка и да се отвори широка јавна расправа, велат од Левица.
 
„Левица претходно побара да се тргне овој предлог-закон од дневен ред, затоа што сметаме дека за време на летни одмори недозволиво е да се носат законски измени, кои се од суштинско значење за квалитетот на животот на граѓаните. Владејачката коалиција го одби барањето на пратениците од Левица, со што покажаа дека поважни им се паушални и брзи решенија, наместо долгорочно решавање на урбанистичкиот хаос.
 
Во услови кога дури и поголеми градови функционираат со ГУП-ови стари и над 20 години, новата власт не покажува политичка волја да го постави урбанистичкото планирање на листата на своите приоритети. Напротив, со ваквите избрзани решенија ќе продолжи погубната пракса општините да функционираат со застарени ДУП-ови, кои не одговараат на параметрите на современото живеење и го влошуваат квалитетот на животот на граѓаните“, стоои во соопштението на Левица.
13.08.2024 - 15:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега