ВМРО-ДПМНЕ: Ако имаше криминал СДС одамна ќе ја осудеа Сања Божиновска додека беа на власт

 

Дали во СДС има некој нормален? Ако имаше криминал одамна ќе ја осудеа Сања Божиновска додека беа на власт, а не сега да измислуваат наводни афери читајќи пресови кои Филипче и Заев им ги диктираат од некоја плажа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ваквите небулозни пресови на СДС се само одраз на нивната изгубеност.

7 години СДС ги користеше институциите за прогон. 7 години судеа кој ќе стигнат и како ќе стигнат. И сега најдоа да зборуваат за криминал. Па да имало било каков доказ за човек близок до ВМРО-ДПМНЕ тој одамна ќе бил во затвор.

Смешни се пресовите на Кузевска за картели и фавели, нека се сврти зад себе, таму ќе го најде наркокартелот од Муртино, до него е медоцинската тендер мафија Филипче - Пановски, а веднаш до нив Ковачевски и фотоволтаиците на сопругата и фабриката на кумот.

Нема поголем картел од криминалната банда која ја исцица Македонија 7 години и ја доведе до банкрот и ги сруши сите нејзини институции. Тоа е картелот на Заеви и нивниот пион, докторот за тендери Филипче“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за прес-конференција на Богданка Кузеска .

13.08.2024 - 13:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега