Измерени 11 степени, УХМР соопшти каде утрово беше најсвежо

 

Утрово најсвежо беше во Лазарополе каде се измерени 11 степени Целзиусови. Следат Маврови Анови со 12 тепени, 13 Берово, 14 Попова Шапка, 15 Крива Паланка, Тетово, Битола, 16 Прилеп, Охрид, 17 Скопје-Петровец, Крушево, Претор, 18 Демир
Капија, 19 во Штип, Струмица, Велес и Виница и 20 степени во Скопје кај Зајчев Рид, Кавадарци, Гевгелија.

За изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2) најм,ногу воден талог има наврнато во Пожаране - 8 л/м2, потоа 5 л/м2 во Тетово, 4 во Крушево, 3 Маврови Анови и 2 л/м2 на Попова Шапка. Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Времето денеска сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне, претежно во источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со поинтензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 30 до 38 степени. UV=7

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 37 степени.

09.08.2024 - 09:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега