СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не успеа да го скрие скандалот со пиштолџијата, сега Гаши треба да одговара

 

Откако не успеаја да го скријат скандалот со пиштолџијата на Гаши во страв дека ќе се дознае целата работа, МВР го потврди скандалот за кој со денови предупредуваше СДСМ. Но ВМРО-ДПМНЕ очигледно сака да удри само по самарот, а да молчи пред нарачателот, велат од СДСМ.

„За целата оваа состојба има одговорност и коалицискиот партнер на Мицкоски, Африм Гаши кој мора да одговара затоа што надвор од своите надлежности го испратил обезбедувањето на аеродромот кое се заканувало.

Го повикуваме Обвинителството во целост да ја спроведе истрагата и да лоцира одговорност кај Гаши кој не смеел да отстапува од своите надлежности. Само со целосна истрага и одговорност на сите вклучени ќе може граѓаните да веруваат дека не се штитат политичарите од власта„, стои во соопштението на СДСМ.

05.08.2024 - 15:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега