Јанчев: Левица поднесе законски измени за 50 годишна забрана за изградба на објекти на опожарените места

 

Пратеникот од Левица, Сашко Јанчев, одржа прес-конференција по повод поднесениот Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за шумите од страна на пратеничката група на Левица.

Целта на предложените законски измени е да се дестимулира намерното палење на шумите и подметнување шумски пожари, рече Јанчев.

„Потенцијални мотиви за подметнување пожари се земјиштето кое било зафатени од пожар да се урбанизира, на него да се изградат објекти, фотоволтаични централи и да се врши сеча на шумите.
Затоа, законските измени коишто ги предложи Левица предвидуваат 50 годишна забрана за било каква урбанизација, изградба на објекти, фотоволтаични централи или сеча на шумите.

Усвојувањето на овие измени ќе го направи подметнувањето пожари бесмислено и ќе го дестимулира намерното предизвикување на шумски пожари.

Ги повикуваме останатите пратенички групи во Собранието на Република Македонија да го поддржат овој Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за шумите.“, посочи Јанчев.

05.08.2024 - 15:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега