ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ: Прво лажат, па потоа се извинуваат, како што лажеа за директорите во МЕПСО, така лажеа и за патувањето на сопругата на Муцунски

 

Прво лажат, па потоа се извинуваат, како што лажеа за директорите во МЕПСО, така лажеа и за патувањето на сопругата на Муцунски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС вчера беа фатени како ноторно лажат. Наводниот скандал за директори во МЕПСО пукна во голема срам за таа партија, ниту синот на Ѓорѓе Иванов е директор во МЕПСО, ниту сопругата на водителот Богдан Илиевски. СДС виде дека не им помина лагата, и наместо гнев кај народот за ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа дополнително гадење од СДС.

Исто како што лажеа вчера за МЕПСО, излажаа и за патувањето  на сопругата на Муцунски во Вашингтон, кое не се ни случило.

Во рок од неколку дена СДС се фатени во две огромни лаги, тоа е ефектот од ПР на Рејтинг на Спасов“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

01.08.2024 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега