СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се спротивстави на интересите на земјоделците со одбивањето на три клучни амандмани предложени од СДСМ

 
Првиот амандман, кој имаше за цел да обезбеди дополнителна поддршка од 200 милиони денари за производителите на пченица преку Интервентниот фонд, беше отфрлен од ВМРО-ДПМНЕ. Оваа одлука директно ги загрозува земјоделците кои се соочуваат со ниски откупни цени и ја доведува во прашање посветеноста на Владата кон стратешки важната култура пченицата, велат од СДСМ.
 
„Вториот амандман на СДСМ, кој предвидуваше дополнителни 2 милијарди денари за авансна исплата на субвенции за 2024 година, исто така беше отфрлен. Оваа мерка, која имаше за цел да им обезбеди авансна и навремена финансиска поддршка на земјоделците, беше игнорирана ВМРО-ДПМНЕ, покажувајќи ја нивната рамнодушност кон потребите на земјоделците. 
 
Третиот амандман, кој се однесуваше на обезбедување на финансиски средства за непречена имплементација на ИПАРД 2 и ИПАРД 3 програмите, беше исто така одбиен. Оваа одлука на Владата на ВМРО-ДПМНЕ не само што ги загрозува тековните проекти, туку и ризикува да предизвика финансиски загуби за земјата поради потенцијални пенали од Европската комисија.
 
Ваквото однесување на Владата на ВМРО-ДПМНЕ јасно покажува дека не е заинтересирана за поддршка на земјоделците, ниту за одговорно искористување на европските фондови. Нивните постапки ги загрозуваат економската стабилност на земјоделците и ја спречуваат модернизацијата и развојот на земјоделскиот сектор во земјата“, стои во соопштението на СДСМ.
01.08.2024 - 09:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега