Славјанка Петровска: Срам да ви е за неспособноста

 

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска објави критики кон актуелната власт за начинот и брзината со која се справува со пожарите кои дивеат низ Македонија како никоаш досега.

„Срам да ви е на неспособноста навремено да го активирате НАТО механизмот и да побарате поддршка за гаснењето на пожарите.

Срам да ви е на неспособноста да управувавате со системот за кризи, таков каков што е.
Срам да ви е што лажете и не кажувате дека и МВР и Армијата изминатите години ги зголемија своите капацитети за ваква намена.
Срам да ви е за лицемерието да се сликате со пожарникарите, полицајците, припадниците на Армијата и сите кои учествуваат во гаснењето, а да гласате против амандманот за нивна парична награда.
Срам да ви е за лицемеритето да зборувате за што треба да се направи, ама да гласате против амандманот за зголемување на платите на пожарникарите. Срам да ви е за неспособноста да ја спроведете реформата за системот за управување со кризи која е подготвена од експерти.
Срам да ви е како власт да плукате по сите, ама вие по цели денови да сликате и да си терате лични агенди.
Ама за да ви е срам, треба да има чувство на одговорност, а вие тоа го немате.ДПМНЕ плачковци“, напиша Петровска. Ваквите критики од ВМРО-ДПМЕ денес ги отфрлаа како некрофилство.

31.07.2024 - 22:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега