Богданоска ги демантира наводите на СДСМ дека е избрана за член на надзорниот одбор на МЕПСО
Сопругата на ТВ водителот Богдан Илиевски, Анастасија Богданоска ги демантира наводите од СДСМ дека е назначена за надзор во МЕПСО.
Јас не сум назначена во никаков одбор, ниту во МЕПСО ниту во било која друга државна институција. Се работи за друго лице со исто име и слично презиме, пишува на својот Фејзбук профил Богданоска.
Богданоска бара извинување од СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија за изнесените лаги на ист начин во ист формат на прес конференција.
Во спротивно Богданоска нагласува дека ќе поведе правна постапка.
31.07.2024 - 13:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа