ВМРО-ДПМНЕ: СДС да преземат одговорност и да се извинат што оставија ограбена држава, без летала за гаснење пожари и без опрема и кадар
Некрофилската политика на СДС нема крај, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Постои чудна корелација и задоволство во СДС од пожарите и поради несреќата на многу градови и села.
Наместо да излезат со конструктивен предлог СД се радуваат на пожарите.
СДС да одговори која е позадината на канонадата на пожари.
СДС да преземе одговорност и да се извини што остави ограбена држава, без летала за гасење пожар, без опрема и кадар.
Наместо да се сокријат тие пробуваат да печалат поени. Тоа е дното на СДС“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
31.07.2024 - 12:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа