СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за парична награда за пожарникарите
ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот на СДСМ за соодватна финансиска награда за пожарникарите, војниците, полицајците, за сите кои учествуваат во гаснењето пожари, велат од СДСМ.
„Вчера го одбија и амандманот на СДСМ за поголеми плати за работниците.
Нема пари за работниците, дрско порачува ВМРО-ДПМНЕ сервирајќи му на народот нова епизода од нивните најлоши политики.
Во горда Македонија на Мицкоски нема пари за пожарникарите, нема пари за војниците, нема пари за полицајците, за работниците....
Пари им само за луксузните патувања на Мицкоски и неговите министри со бизнис класи.
Баш му е гајле за животниот стандард на народот. Работникот за него е неважен, го смета за евтина работна сила.
Ваква Македонија, нема да биде горда. Ќе биде понижена и осиромашена“, стои во соопштението на СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа