ВЛЕН: Македонците го злоупотребуваат Балансерот - Минчев и Димитриевски живеат во заблуда
По изјавата на министерот за администрација дека во Балансерот влегуваат бројки од резидентното население според последниот попис, и дека ќе го почитува Законот, реагираат од ВЛЕН од каде велат токму Македонците биле тие кои го злоупотребувале.
-Минчев и Димитриевски уште живеат во сопствените заблуди. Не живееме во 1997, ниту тие се клучен фактор во Владата. Напротив! Застапеноста на Албанците никогаш нема да биде завршено прашање, и најмалку ќе зависи од партија како ЗНАМ. Дневна политика од Балансерот прават токму Минчев и Димитриевски, кои мислат дека нивната Анти - Албанска доктрина ќе ги направи голема партија. Наместо да пукаат со ќор фишеци треба да го научат ставот на ВЛЕН. Ние сметаме дека Балансерот е нефункционално решение кое стана предмет на злоупотреба на Македонците, кои за да се вработат во јавната администрација се пишуваат Албанци. Затоа, неопходен е Закон за правична застапеност кој ќе овозможува Албанците да бидат дел од сите институции врз основа на квалитет, интегритет, стручност, велат оттаму.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа