Стојаноска за ребалансот на буџетот: Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и капацитет, може да почнат промените на подобро
Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2024 година почнува консолидацијата на Република Македонија, вели Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и капацитет може да почнат промените на подобро. Со овој Ребаланс ќе започнат и клучни реформи во секторот здравство. Обезбедени се финансии за почетокот на реализацијата на проектот за вработување на приватните специјализанти. До крајот на оваа година, македонските болници ќе бидат посилни за 300 млади доктори специјалисти. 300 специјалисти оваа, а 300
догодина ќе бидат соодветно ангажирани во здравствениот систем и на тој начин ќе се зголеми квалитетот на самата здравствена услуга. Докторите нема повеќе да ја напуштаат државата бидејќи таа ќе се грижи за нив.
Во Ребалансот исто така има обезбедено средства и за проширување на позитивната листа на лекови. Прв пат по 15 години, позитивната листа ќе биде проширена и македонските граѓани ќе плаќаат поевтини лекови“, истакна Стојаноска.
Додаде дека во рамки на првиот пакет реформи во секторот здравство е и укинувањето на економските директори т.е. дуализмот кој не ги даде посакуваните резултати.
Ваквата промена со системот на здравствена заштита, како што вели, ќе има позитивни фискални импликации од неколку милиони евра годишно.
„Во периодот што претстои ќе се заложиме во најбрз можен рок да заврши изградбата и да се пуштат во употреба болниците во Штип и во Кичево кои се од исклучително значење за голем број граѓани од овие региони“, истакна Стојаноска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа