Ковачевски: Амандманот на СДСМ е да продолжи зголемувањето на платите и правата од колективните договори

 
Сите права кои ги имаа работниците од колективните договори досега сме ги испочитувале во изминатиот период, а по 15 години за првпат беше потпишан колективен договор кој обезбедува права на работниците за зголемување на платите. Затоа и треба да продолжи трендот на зголемување на платите и колекативните договори, рече пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на денешната расправа на комисијата за носење на буџет, образоложвајќи го амандманот од СДСМ.
 
-Поттикнат од предлог амандманот за зголемување на платите работниците, сакам да потенцирам дека СДСМ работеше во време на пандемија и енергетска криза кога имаше негативни последици врз економскиот раст и во тоа време се на направија крупни чекори кои имаа позитивно влијание врз стандардот на вработените и пензионерите. Беше воведена методологија за зголемување и на минималната плата и зголемување на пензиите. Најголем исчекор имаше кога од минималната плата од 8 илјади денари во 2017, до сега кога таа е 24 илјади денари. Затоа и сега треба да продолжи трендот на зголемувањето на платите на работниците, да се сочува стандардот, рече Ковачевски.

 

29.07.2024 - 15:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега