ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност

 

Добро е што Бектеши призна дека правел притисок, а сега ЈО и судството да постапат и да сноси и одговорност, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок?

Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци?

Што за Бектеши се млади луѓе дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело?

Која порака Бектеши ја упатува до младите?

 

ДУИ наместо да фолира по медиумите, подобро ќе биде самите да се оградат од таквите како Бектеши што побрзо“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

29.07.2024 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега