Мицкоски најави формирање посебно тело кое ќе утврдува како се трошела КОВИД-поддршката за компаниите
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата ќе формира посебно тело кое ќе треба да утврди како се трошела КОВИД-поддршката за компаниите.
Како што изјави денеска, одговорајќи на новинарски прашања, телото ќе се формира на некоја од претстојните владини седници.
- Во периодот што следи, на владина седница ќе формираме такво тело кое во детали ќе ги истражи сите овие индиции, односно се она што го имаме на располагање. И не само таму, и во Фондот познат како ФИТР и сето тоа ќе биде изнесено пред јавноста. Јавноста треба да знае каде се трошени народните пари, истакна Мицкоски по состанокот со претседателството на Стопанската комора на северозападна Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа