„Тепачка“ за фискални- уште 8 дена до извлекувањето

 

Над 150.000 пликоа со фисикални сметки пристигнале во Државна лотарија до денеска, информираше вицепремиерот Зоран Ставрески.

„Започна одбројувањето за првото извлекување од наградната игра „Фискална во рака, награда без мака“, останаа уште 8 дена затоа апелирам до сите граѓани од 7 до 77 години да ги испратат сите фискални сметки бидејќи имаат полноправна можност да учествуваат во ова наградна игра“, истакна министерот за финансии Зоран Ставрески.

Во текот на наградната игра ќе бидат доделени три типа на автомобили, 4 „Пежо 208“, три автомобили „Волфсваген Поло“ и три „Сеат Ибица“, а на првото извлекување кое ќе се одржи на 30-ти декември ќе биде доделено „Пежо 208“.

Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните да ги доставуваат пликоата во пунктот на Државната на Лотаријата наскоро ќе бидат поставени вакви објекти и во другите градови во земјава.

22.12.2013 - 13:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега