„Европски услови за македонските ученици“ - Јаневска се сретна со Гир

 

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир на која разговараа за јакнењето на соработката и имплементацијата на проектите за унапредување на националниот образовен систем.

Заблагодарувајќи се за континуираната поддршка од Европската унија во реформските процеси, министерката нагласи дека земјата ќе продолжи посветено да работи заедно со ЕУ и во духот на партнерството и заедничките вредности, ќе ги реализира активностите од Реформската агенда 2024-2027 насочени кон исполнување на целите од Планот за раст за земјите од Западен Балкан.

 
– Активното учество на земјава во реализација на европската агенда преку ИПА фондовите, програмите за мобилност, ни даваат верба дека нашите ученици во скоро време ќе се образуваат преку еден модерен, европски образовен систем. Новиот систем за дигитално следење на постигнувањата на учениците, односно електронскиот дневник кој исто така е изработен со поддршка од ЕУ е само една алка во синџирот на имплементација на современите образовни стандарди, рече Јаневска.

17.07.2024 - 18:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега