Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден
Општина Македонски Брод е општина која што е најголема по територија во Република Македонија и опфаќа 51 населено место.
Но, има многу скромен буџет. Благодарение на работата, посветеноста на градоначалникот на општина Македонски Брод, на пратеничката, на службите во Општина Македонски Брод, советниците успева да се реализираат голем број проекти во оваа општина. Иако многу мал буџет, иако скромни средства, во овие неколку месеци се реализирани многу суштински и значајни проекти. Реализирани се проекти на асфалтирање на улиците „Васко Карангелески“, „Кирил и Методиј“, „Поречка“. Исто така во фаза на реализација е проектот за тротоарот на улицата „Маршал Тито“. И улицата „11 Октомври“ исто така се асфалтира.
Меѓутоа морам да нагласам дека во разговор и со градоначалникот и со пратеничката големи планови има за Македонски Брод.
Затоа се инвестира и во образованието, во културата, но значајно е да се спомене дека разговаравме за да може да се отвори плус работно место во оваа општина, на таков начин ќе дадеме надеж до сите граѓани на општина Македонски Брод дека тука треба да живеат, да работат и да опстанат на ова прекрасно место.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа