Здравичарите ќе берат бадникови гранчиња

 

Во месноста Говрлевска Краста, на падините на Водно денеска ќе се берат бадникови гранчиња. На 6 јануари, на одбележувањето на Бадник, на платото пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје гранчињата ќе им се делат бесплатно на сите верници.

Бадниковото гранче, симбол на среќата, сонцето и животот свечено ќе го пресече годинашниот кум на Бадник 2014 Методија Стефановски. Тоа ќе го стори и здравичарот Владимир Плавевски.

Предвидено е да присуствуваат стариот кум и здравичар, градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, претставници од општина Сопиште, свештени лица од МПЦ, дипломати, граѓани..

22.12.2013 - 10:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега