Николоски: Доставив три предмети до надлежните органи за кои постои сомнеж за сторен криминал со незаконско трошење на народните пари

 

Јавното обвинителство да биде поефикасно и очекувам да постапи по информациите содржани во ревизорскиот извештај. Јас лично доставив три предмети за кои сметам дека постои сомнеж за сторен криминал и очекувам

Обвинителството да отвори постапки за нив, истакна заменик на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во емисијата “Заспи ако можеш”, на телевизија Алфа.

Тој потенцираше дека два од трите доставени предмети директно се поврзани со наводите кои беа објавени од страна на Државната ревизија во извештајот за реализација на капиталните проекти.   

“И претходнo имавме индиции за можен криминал со буџетските пари. Но еве сомнежот го потврдуваат наводите на Државниот завод за ревизија во извештaјoт за реализација на капиталните инвестиции. Затоа и го повикав Министервото за внатрешни работи, а веќе доставив и три предмети од кои два директно се поврзани со информациите што ги објави државната ревизија. И затоа очекувам Обвинителството да биде поефикасно и веднаш да отвори постапка за нив” објасни министерот Николоски.

 

12.07.2024 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега