Мицкоски на средба со претседателот на Чешка, Петр Павел: Иднината на регионот е во полноправно членство во Европската Унија
На маргините на НАТО Самитот во Вашингтон претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски оствари повеќе билатерални средби и разговори.
Премиерот Мицкоски оствари средба со претседателот на Чешка Петр Павел. Соговорниците разговараа за искористување на потенцијалите за економска и политичка соработка.
Претседателот на македонската влада Мицкоски истакна дека иднината на регионот е во полноправно членство во Европската Унија и дека на тој план се направени премногу отстапки и откажувања кои не се вреднувани до крај и дека кочењето преку неразумните спорови мора да престанат. Граѓаните со право бараат подобар живот и дека Владата е целосно посветена на подобар стандард и исполнување на високите критериуми за интеграција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа