Митева: Од продуктивните средби на Мицкоски и делегацијата на Самитот на НАТО, можеме да очекуваме позитивни ефекти за државата и граѓаните
Премиерот Мицкоски можевме да го видиме на многу различни средби во текот на посетата со различни конгресмени на Соединетите Американски Држави, со претставници и извршни директори на Националниот демократски институт НДА, на ИРИ, беше присутен и како говорник на универзитетот Џон Хопкинс, така што, сметам дека имаше продуктивни средби. Во однос на делегацијата и во однос на средбите кои што би можеле да случат и оние кои што се случиле, јас верувам дека по враќањето на целокупната делегација во Македонија ќе бидеме подетално информирани од нашите претставници таму,в ели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева во вечерашното гостување во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24, во однос на учеството на владината делегација предводена од премиерот, Христијан Мицкоски на Самитот на НАТО во САД.
Митева цени дека по однос на државничкиот капацитет што го поседува и премиерот и владината делегација која што присуствува на Самитот на НАТО, ниту медиумите ниту јавноста, ниту граѓаните не треба да имаат дилема за тоа како и во кое светло ќе биде презентирана Македонија и самиот начин на презентирање на самата држава, достоинствено и чесно.
„Она што е евроинтегративен пат на Македонија никогаш не било дилема на ВМРО-ДПМНЕ . Така што, сум сигурна дека од истите тие продуктивни средби кои што ги имаше изминатите денови премиерот Мицкоски и оние кои што ќе ги има до завршување на самиот самит, можеме да очекуваме позитивни ефекти“, рече Митева.
Во однос на членството и присуството на Македонија на Самитот на НАТО и преземањето на заслугите исклучиво поради Договорот од Преспа , Митева посочи дека изминатиот период бевме сведоци на изјава на господинот Ципрас кој што вели дека поради состојбите и геополитичките случувања, доколку во тој момент не се успееше да се постигне еден таков договор, Македонија ќе станеше посекако членка на НАТО алијансата дури и со нејзиното уставно име.
„Така што, ценам дека преземањето на сите оние позитивни ефекти од тоа што Македонија е денеска членка е само поради Договорот од Преспа , дозволете да не се согласам со истото, затоа што сметам дека изминативе 33 години сите влади во Македонија направиле одредени чекори, политики и мерки кои што допринеле да ја оствариме нашата стратешка цел како држава, а тоа е да бидеме членка на НАТО алијансата. И состојбите поради кои истите се случиле, начинот на кој што се случи оној договор од Преспа и сите оние работи кои што претходеа и следеа после тоа е тема која што многупати ја имаме и дебатирано и зборувано и мислам дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ по однос на тоа е доста јасен“, истакна Митева.
Додаде дека, ВМРО-ДПМНЕ вети дека во идниот период како влада ќе води кредибилна и достоинствена дипломатија која што за Македонија ќе значи интеграција и идентитет, посочувајќи дека многупати говореа дека е исклучително важно да го покренеме реномето на државата на едно поинакво ниво, да имаме состојба на која што ќе може да се дебатира врз основа на рамноправни вредности и принципи, а не врз основа на тоа дека Македонија секогаш треба нешто да дава и да губи, а за возврат да има состојба на сеуште затворена врата за Европската Унија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа