Општина Бутел: Алармантна состојбата со хигиената
За Данела Арсовска општина Бутел како да не постои. Состојбата во oпштина Бутел е алармантна. Повеќе од десет дена екипите на ЈП “Комунална хигиена-Скопје” кои се под директна команда на Данела Арсовска, не ги извршуваат работни обврски на поголемиот дел од територијата на општина Бутел, велат од Општина Бутел.
„Сликите се застрашувачки. Ваква неспособност на градските служби не е забележана никогаш во историјата. Градоначалникот Дарко Костовски упатува апел, додека не е доцна службите на КХС-Скопје веднаш да излезат и да си ја завршат работата за која се платени од граѓаните. Доколку Данела не е способна да се справи со овие основни задачи на градот Скопје, веднаш нека ги префрли ингеренциите на општините, за да не трпат граѓаните“, стои во соопштението од Општина Бутел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа