Лефков му одговори на Филипче: Со какви туѓи перја се китиме црни Венко, со перјата за запалената модуларна? Кажи со каква плата направи хациенда на Водно

 
„Едно јавно прашање до претседателот на заробената СДСМ. Со кои перја се китиме црни Венко? Со тие ли перја со кои го продадовте името, а за возврат добивме блокада, или со тие кога бевте министер што донесовте смрт за илјадници во короната поради крахирањето на здравствениот систем кој вие го водевте. Или можеби со перјата за запалената модуларна болница за која и денеска не убедувате и нас и јавноста дека кабелот е крив“, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков одговарајќи на новинарско прашање.
 
Тој продолжи и додаде:
 
„За каква гордост зборите. За онаа со која Фрчковски не се знае како ги трошел парите од мисијата, или за онаа кога братот по криминал на Венко, Заев ја ставаше раката на срцето и го бараше семето изгубен низ времето. Кога Венко се фали дека СДС била мотор, треба да знае дека тие се далеку од било каков мотор, далеку и од пента, а не мотор на развој“, посочи Лефков.
 
Тој продолжи и упати прашање до Венко Филипче.
 

 

„И за крај Венко доста со високи политики, ајде малку прашање. Со каква плата ја направивте хациендата на Водно, а веднаш до тебе твојот директор на клинички?“, запраша Лефков.
08.07.2024 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега