Герасимовски и жителите на Општина Центар повикуваат на мобилизација за решавање на проблемот со Интермецо
Општина Центар дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите што живеат во непосредна близина на клубот Интермецо и останатите локали лоцирани на „Народен фронт“. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и останатите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објеки.
„Ние, како општина, ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно а за тоа е потребна е координација и притисоци од страна на сите надлежни институции“, вели Герасимовски.
Општина Центар петицијата ја проследи до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина, и побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.
На барање и поплаки на жителите за прекумерна бучава, Општина Центар во повеќе наврати го санкционираше спорниот локал со глоби, опомени и забрани за вршење дејност.
Инспекциската служба на општината и натаму ќе продолжи со санкционирање на сите угостителски објекти кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа