Tрет мобилен оператор за поевтини услуги за граѓаните?
Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски информира дека сериозно ја разгледуваат можноста за доделување лиценца за трет мобилен оператор во земјава.
Николоски истакнува дека анализата која ја направиле покажала дека цените за мобилната, како и за кабелската телевизија и интернет услугите се поскапи од најголем дел европски земји.
-На пазарот постои класичен дуопол. Затоа мора да бараме мерки да поевтинат услугите. Граѓаните да имаат подобри и поевтини услуги. Затоа потенцијално решение е трет мобилен оператор. Во следниот период ќе мотивираме големи имиња од светот на телекомуникациите да се појават на македонскиот пазар, вели Николоски.
Нагласува дека време е државата да прави за граѓаните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа