Тошковски на средба со хрватската амбасадорка: Вие сте ни голема поддршка

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска остварија работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Н.Е. Нивес Тигањ.
Министерот Тошковски изрази голема благодарност за досегашната соработка, посебно во периодот на техничката влада, и изрази увереност дека истата ќе продолжи да се развива и во иднина со несмален интензитет. Министерот Тошковски потенцираше дека Хрватска, како еден од нашите најголеми европски пријатели, ќе продолжи да ја дава својата поддршка согласно заложбите за реформи, кои ќе не доближат до стандардите на ЕУ. Тој изрази надеж за брза билатерална средба со хрватскиот колега, која ќе биде во насока на продлабочување на соработката.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев исто така ја потврди одличната соработка на двете полиции во минатото,  која очекува уште повеќе да се интензивира, посебно во делот на размена на информации со цел сузбивање на транснационалниот криминал, како на билатерално ниво така и низ меѓународните безбедносни институции.

Амбасадорката Тигањ ја оцени досегашната соработка како одлична и посочи дека Република Хрватска е најголем поддржувач на нашите евроинтегративни процеси. Посебна благодарност амбасадорката изрази за проектот преку кој наши полициски службеници секое лето одат во Хрватска, како поддршка на зголемениот ангажман на хрватската полиција во текот на туристичката сезона.

05.07.2024 - 18:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега