Нетанјаху подготвува тим за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

 

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху подготвува екипа за обнова на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа, изјави неименуван израелски претставник.

Неговата одлука уследи откако вчера Хамас предложи етапен прекин на огнот.

Сè уште нема информација кога и каде би се одржале преговорите.

Преговорите се во застој откако Хамас инсистираше Израел да се согласи на целосен прекин на војната и повлекување на израелската армија од Појасот Газа.

Според неименуваниот извор, Нетанјаху повторил дека војната ќе заврши кога целосно ќе биде елиминиран Хамас и ќе бидат ослободени сите израелски заложници.

Во меѓувреме, израелската невладина организација „Мир сега“, која се залага за решение на конфликтот со две држави, тврди дека Владата одобрила планови за изградба на речиси 5.300 нови домови во населбите на окупираниот Западен Брег.

Тоа е уште еден потег на тврдокорната израелска влада за зајакнување на политиките за населување како дел од стратегијата за консолидирање на контролата на Израел врз Западниот Брег и спречување на создавање на идна палестинска држава.

04.07.2024 - 21:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега