Трамп вели дека може да ја запре војната за еден ден, Путин: Тој е сериозен

 

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека гледал делови од дебатата меѓу Џо Бајден и Доналд Трамп и дека сепак претпочита Бајден да биде новиот американски претседател.

Запрашан дали Бајден или Трамп се подобри и дали неговата преференца за Бајден се променила по дебатата, Путин рече: „Ништо не се смени“.

„Дали знаевме што може да се случи? Знаевме“, додаде тој. Путин неколку пати јавно кажа дека го претпочита Бајден отколку Трамп, дури и откако Бајден го нарече „луд кучкин син“.

На прашањето за изјавите на Трамп дека доколку победи на изборите може да ја прекине војната во Украина во рок од 24 часа, Путин рече дека Русија го сфаќа сериозно, но дека не знае никакви детали од мировниот предлог на Трамп.

„Фактот што господинот Трамп е претседателски кандидат покажува дека тој е подготвен и сака да ја запре војната во Украина, ние го сфаќаме тоа сериозно“, рече Путин.

„Се разбира, не сум запознаен со предлозите за тоа како тој мисли да го направи тоа. Тоа е клучно прашање. Но, нема сомнеж дека тој е сериозен во врска со тоа и ние го поддржуваме“, додаде тој.

04.07.2024 - 19:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега