АA: Речникот на Вучиќ и понатаму ќе биде дел од вокабуларот на Мицкоски
„Амбасадорите на нашите пријателски земји и стратешките партнери насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ. Северна Македонија не е на друга планета, туку географски, културен, социјален и политички дел на Западот“, велат од Алијанса за Албанците.
„Жал ни е што ВМРО се враќа и со кадри и со политики во времето на Груевски. Од друга страна, драго ни е што ова вистинско и нереформирано лице на ВМРО ќе ги сензибилизира сите оние фактори кои речиси заборавија од каде доаѓаат овие луѓе.
Речникот на Вучиќ и понатаму ќе биде дел од вокабуларот на Христијан Мицкоски. Заробувањето и дисциплинирањето на судството од страна на ВМРО е стара опсесија и најостро го осудуваме секој таков обид“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа