Мисајловски на средба со Лосон: Одбранбената соработка е на високо ниво и ќе продолжи да се развива

 

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Метју Лосон и одбранбеното аташе потполковник Едвард Џон Грин.

Министерот Мисајловски искажа благодарност за досегашната континуирана поддршка за развој на македонските одбранбените капацитети, обуките и школувањата во високите одбранбени установи во Обединетото Кралство за припадниците на Армијата, донациите во опрема и поддршката во однос на обуката за нашата НАТО декларирана единица.

Амбасадорот Лосон порача дека од особена важност е стабилноста на регионот и дека Обединетото Кралство останува посветено на одбранбената соработката со нашата земја и развојот на армиските капацитети.

Од страна на министерот и амбасадорот беше заклучено дека одбранбената соработка е на високо ниво и дека ќе продолжи да се развива. Двете земји продолжуваат активно и интензивно да соработуваат во рамки на Алијансата со взаемни заложби за зачувување на трансатлантската безбедност и стабилност.

04.07.2024 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега