Средба Костадиновски-Георгиевски: Ќе се унапредува соработката на Уставен суд со Правниот факултет „Јустинијан Први”

 

Претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски денеска оствари работна средба со деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први”, проф. д-р Сашо Георгиевски. 

На средбата се дискутираше за можностите за унапредување на соработката помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет.

Претседателот д-р Костадиновски го информираше проф. д-р Георгиевски за приоритетите во својот мандат, меѓу кои највисоко на агендата е интензивирање на соработката и интеракцијата меѓу Уставниот суд и науката. 

Во рамки на предвидените активности, по повод 60-годишниот јубилеј кој го прославува Уставниот суд оваа година, предвиден е Меморандум за соработка со Правниот факултет.   Предлог-текстот на Меморандумот  беше во фокусот на средбата и се очекува во најскоро време да биде потпишан.

„Изразувам искрено задоволство за Вашата подготвеност за соработка, лично сметам дека ставот и позициите на науката по важни општествени и особено релевантни теми за уставното судство се од исклучително значење и не случајно еден од врвните приоритети за мене е поголема присутност на науката, не само теоретски во стратегиите туку и во секојдневните активности, согласно надлежностите на Судот", потенцираше Костадиновски. 

Деканот Георгиевски ја поздрави подготвеноста и позитивниот пристап за воспоставување поинтензивна соработка помеѓу Уставниот суд и Правниот факултет „Јустинијан Први” и изрази очекување дека двете институции преку Меморандумот ќе имаат заемна корист. 

04.07.2024 - 13:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега