Им ги сечел усните со нож - претседателот на косовското Собрание малтретирал две девојки?

 

Претседателот на косовското Собрание, Јакуп Красниќи бил сослушан вчера поради обвинение дека учествувал во физичко малтретирање на две девојки во 1998 и 1999 година, објави денеска приштинскиот весник „Коха диторе“.

Според весникот, една од девојките го обвинува Красниќи, кој беше портпарол на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), дека и ги сечел усните со нож.

Двете девојки, кои се сестри, уште лани обвинија дека Красниќи бил меѓу групата припадници на ОВК кои ги малтретирале и им се заканувале дека ќе ги убијат. За учество во оваа малтретирање е осомничен и поранешниот командант на ОВК и актуелен амбасадор на Ксово во Албанија, Сулејман Селими.

- Сите се смееја... а еден со војнички нож ми ги сечеше усните и косата. Потоа ми рече да одам кај Србите и да им кажам дека тој е Јакуп Красниќи, изјавила една од двете сестри пред инспекторите на ЕУЛЕКС, идентификувајќи го Красниќи како човекот што ја малтретирал.

Адвокатот на Красниќи, Меџид Сила потврди дека неговиот клинет бил сослушан и дека дал „некои објаснување за случајот, кои и од претходно и се познати на јавноста“.

„Коха диторе“ наведува дека сослушувањето на Красниќи се случува во време кога тој ја напушти Демократската партија на Косово на премиерот Халим Тачи и најави формирање нова партија.

21.12.2013 - 14:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега