Алкарас: Дојдов да ја одбранам титулата на Вимблдон

 

Бранител на титулата на Вимблдон е Карлос Алкарас кој е поставен како трет носител, но тоа не е пречка за него и гладниот и амбициозен Шпанец јасно порачува дека ќе направи се што може и оваа година да ја освои титулата во Лондон.

-Овде сум за да постигнам резултат како минатата година. Посебно е чувството да се вратиш на Вимблдон, малку поспецијално како бранител на титулата, но се трудам да не размислувам премногу за тоа. Морам да бидам фокусиран секој ден, на секој тренинг, -вели Карлос кој воедно истакна дека максимално фит и подготвен.
29.06.2024 - 11:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега