ВМРО-ДПМНЕ: Спречивме зголемување на цената на струјата
Владата на ВМРО-ДПМНЕ спречи зголемување на цената на струјата ценовен шок кој СДС и ДУИ го оставија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Владата предложи, а парламентарното мнозинство го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што се спречи зголемување на цената на струјата од 1 јули за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар.
Со СДС и ДУИ цената на струјата во изминатите 7 години се покачи и за 50%. Секоја година имаше зголемување. Таа пракса ја спречи владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Нема повеќе галопирачко зголемување на цената на струјата. Граѓаните можат да бидат спокојни, владата на ВМРО-ДПМНЕ работи за енергетска стабилност на државата“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
28.06.2024 - 09:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа