Петровска: Заев да не се меша во изборите во СДСМ

 

Мешањето на поранешниот лидер на СДСМ Зоран Заев во изборите во партијата ќе доведе до нови поделби, смета кандидатката за претседател на СДСМ Славјанка Петровска.

– Застанувањето на кој било од поранешните претседатели зад кој било од сегашните кандидати, мислам само дека дополнително да ја подели партијата и мислам дека може да го отежни процесот на легитимен избор на претседател. Јас ги почитувам сите поранешни претседатели на СДСМ затоа што оставиле свој белег во партијата и во државата, меѓутоа мене ми треба поддршката на членството – рече Петровска во интервју за Канал 5 телевизија.

Петровска рече и дека доколку не победи на изборите, тогаш нема да бара никаква функција туку дека ќе остане член и пратеничка на СДСМ во Собранието.

 

27.06.2024 - 12:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега