Кинеската сонда се врати на Земјата со првите примероци собрани на темната страна на Месечината

 

Кинеската лунарна сонда „Чанг-6“ денеска се врати на Земјата, донесувајќи ги првите примероци некогаш собрани од другата, темна страна на Месечината, јавија кинеските медиуми.

Кинеска сонда слета во северниот кинески регион Внатрешна Монголија, донесувајќи примероци од лунарната почва што ги собрала претходно овој месец.

Кинеската сонда без екипаж слета на темната, оддалечена страна на Месечината на 2 јуни, подвиг што ниту една друга земја досега не го направила.

25.06.2024 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега