Петровска: Лицемерие за стратешките интереси на земјата е кандидат за министер да биде следбеник на режимот на Путин
Повеќе министерства а помалку жени, кадри на Груевски, многу зборови а малку кажано, сите лаги на виделина, ваква е оценката за Програмата и составот на новата Влада. Малку е лицемерно да зборувате за стратешките интереси на земјата а кандидат за министер да биде следбеник на режимот на Путин, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска денеска во македонското Собрание.
-Да почнеме со разобличување на лагите на ВМРО-ДПМНЕ кои служеа само за да дојдат на власт. Составот на Владата го отсликува минималниот број на жени во владата и тоа само ја потврдува мизогеноста втемелена во владејачката партија. Веројатно за вас жените се само за по дома. Програмата е контрадикторна со составот, рече Петровска.
Следна лага е односот кон уставното име и Преспанскиот договор, додаде таа.
-„Земете ми го мандатот ама Северна не кажувам“, тоа е за пред избори. Ја пеевте заветна. А сега? Немало смисла да го прекршувате Уставот, законите. Многу е лесно. Исполнете го тоа што го ветувавте, променете го уставот вратете го името. Така вие зборувавте изминатите години. Но ниту во Програмата ниту во експозето нема збор, ниту за ревизија на Преспанскиот договор ниту за враќање на името. Исто како што го избришавте името Македонија од вашиот статут така еднакво и сега, рече Петровска.
Пред избори велевте дека не смее да има нови задолжувања затоа што државата е презадолжена, потенцираше Петровска.
-Уште за време на избори договоривте ново задолжување кое се уште го криете од каде. Иако излегуваат информациите за која земја.
Веројатно затоа ви се брзаше за викенд да има избор на Влада за премиерот од таа држава којашто ја договарате побрзо да ви ги донесе парите, рече пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
22.06.2024 - 14:44
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа