Тешко повреден млад мотоциклист од Кичево, изгубил контрола и паднал на коловозот

Завчера во 17.10 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на локалниот пат за с.Крушино, кичевско, А.Д.(25) од Кичево, управувајќи мотоцикл, изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Општа болница Кичево.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.

22.06.2024 - 13:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега