Отворање на реконструираниот Ургентен центар при Детската клиника
Денеска ќе биде отворен Ургентниот центар при Универзитетската клиника за детски болести во Скопје.
Средствата за реконструкцијата и адаптацијата на просториите во Универзитетската клиника за детски болести беа собрани во рамки на Националната донаторска кампања под мотото „Да помогнеме навреме“, а беше спроведена под покровителство на сопругата на македонскиот претседател , Маја Иванова.
Изградбата на Ургентниот центар е поддржана од Турската меѓународна агенција за соработка и развој-ТИКА, а дополнителните донации ќе се искористат за доопремување на Ургентниот центар и новите амбуланти.
На свеченоста по повод отворањето на Ургентниот центар ќе се обратат ќе се обратат министерот за здравство Никола Тодоров, покровителката Маја Иванова, д-р. Аспазија Софијанова – директор на Клиниката за детски болести, Мери Џо Волерс – сопруга на амбасадорот на САД во Македонија, Мехмет Суреја Ер потпретседател на Турската меѓународна агенција за соработка и развој и амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, Ѓурол Сокменсуер.
Градежните активности за реконструкција на Детскиот ургентен центар почнаа во септември годинава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа