ОН ги повикаа производителите на оружје да не го снабдуваат Израел
Група експерти на ОН денеска ги повикаа производителите на оружје и муниција да ја прекинат испораката на Израел, предупредувајќи ги дека би можеле да бидат соучесници во можното кршење на меѓународните и човековите права.
Група од 30 експерти, меѓу кои и неколку специјални известувачи на ОН, велат дека производителите на оружје кои го снабдуваат Израел треба да престанат да го прават тоа дури и ако го прават тоа врз основа на важечки дозволи за извоз, пренесуваат израелските медиуми.
„Тие компании, испраќајќи оружје, делови, компоненти и муниција на израелските сили, ризикуваат да бидат соучесници во сериозно кршење на меѓународните човекови права и меѓународното хуманитарно право“, се вели во соопштението на експертите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа