Хорор на бензинска пумпа во Прага: Избодени три лица

 

Чешката полиција соопшти дека уапсила маж кој со нож ранил мотоциклист во вратот во главниот град. Повредени се уште две лица.

Нападот се случил на бензинска пумпа во Прага во текот на вчерашниот ден.

Полицијата соопшти дека мотивот на 52-годишниот осомничен не бил веднаш јасен, но ја отфрлиле можноста за тероризам.

Од тука велат дека осомничениот, локален граѓанин кој бил пијан, имал конфликт со вкупно шест лица, пренесе „АП“.

Спасувачката служба на Прага соопшти дека мотоциклистот бил пренесен во болница на понатамошно лекување, но додаде дека неговата повреда на вратот не е сериозна. Другите две лица се полесно повредени и не им е потребна хоспитализација.

20.06.2024 - 10:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа