Мексико: Во автобус убиен градоначалник
Градоначалникот Салвадор Вилалва Флорес е убиен во јужната мексиканска држава Гереро, соопштија локалните власти.
Салвадор Вилалва Флорес победи на локалните избори на 2 јуни и требаше да ја преземе функцијата градоначалник на Копала, град со околу 4.000 жители, во септември.
Тој бил во автобус кога во понеделникот бил смртно застрелан во главата во градот Сан Педро лас Плајас, соопшти државното обвинителство во Гереро, пренесува АП.
18.06.2024 - 10:24
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа