Димитров за Договорот од Преспа: Во еден ден бев нарекуван предавник и добивав закани, но за други бев херој

 

Со Договорот од Преспа ѝ покажавме на Европа дека можеме да решаваме проблеми, изјави поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров.

„Не бев задоволен и среќен да живеам во регион кој во Европа и светот е познат како регион на премногу проблеми, а премалку решенија“, рече тој.

Димитров се осврна на тоа како Договорот од Преспа ќе се третира во Македонија и Грција кога на власт се партии кои биле против тој договор.

„На долг рок мора да избегнеме „војна на меѓусебни обвинувања“ меѓу Атина и Скопје за тоа кој колку го почитува или не го почитува Договорот од Преспа“, рече Димитров.

Димитров сподели и лични моменти од периодот кога се склучуваше Договорот од Преспа.

„Јас имав ситуација каде во еден ден од едни бев нарекуван предавник, дури имав и закани кон мене лично и кон моето семејство, а други ми велеа дека сум херој. Во таква ситуација треба да бидете конзистентен, посветен и храбар. Без поддршка од лидерите тоа немаше да биде можно, но како што реков и во еден говор одредено време по потпишувањето на Договорот, проблемот кај министер за надворешни работи е кога правите работи што се исправни, кредитите ги зема премиерот, но кога ќе погрешите, вината е кај вас“, посочи тој.

17.06.2024 - 21:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега