Николоски откако беше предложен за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

 

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Hristijan Mickoski за укажаната доверба и чест да бидам Заменик Претседател на Владата и Министер за транспорт и врски, напиша на својот Фејсбук профил Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Да се биде дел од неговиот тим во ВМРО-ДПМНЕ беше огромна чест и одговорност, истото е и за Владата.

Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, така ќе ја креваме и Македонија!

Народот ни даде огромна доверба. Со многу посветеност и напорна работа ќе ја оправдаме. Ќе правиме убави работи.

За Македонија!“, истакна Николоски.

17.06.2024 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега