Ахмети - Пападопулу: Потребно е целосно почитување и спроведување на Преспанскиот договор

 

Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети денеска се сретна со заменик министерката за надворешни работи на Грција Александра Пападопулу која е во посета на Скопје и учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

Изборите, Охридскиот договор и легитимитетот, европската перспектива на земјата и потребата од натамошна поддршка од Грција, беа дел од разговорот меѓу Ахмети и Пападопулу.

Двете земји како сојузници и партнери играат клучна улога во обезбедувањето стабилност не само на Западен Балкан, туку и пошироко, додека ПСЈЕ како иницијатива е добра платформа за дијалог и решавање на отворените прашања.

Грција отсекогаш била поддржувач на евроинтегративниот пат на Северна Македонија, како и сигурен сојузник во НАТО, беше истакнато на средбата.

Ахмети понатаму додаде дека очекува оваа поддршка за ЕУ и соработката во НАТО да продолжи и во иднина.

Европската интеграција на регионот е од големо стратешко значење и е од заеднички интерес за општата безбедност на Европа.

Двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката со која се развиваат билатералните односи, особено во последните седум години по потпишувањето на Договорот од Преспа, со што беше изразена потребата од негово целосно почитување и спроведување од двете страни.

Ахмети го истакна духот на Охридскиот договор, чие почитување 23 години гарантира мир, безбедност, стабилност, социјална кохезија и евроатлантска иднина на државата.

 

 

14.06.2024 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега